Политика за приватност

Home Shop ја почитува Вашата приватност и ги заштитува Вашите лични податоци согласно законските прописи.

Home Shop ги собира и ги обработува Вашите лични податоци кога се регистрирате како корисник на неговите производи и услуги, кога се регистрирате онлајн на неговите веб страници како корисник на онлајн услугите, кога ги посетувате неговите веб страници или веб страниците на одредени партнери на Home Shop, како и кога учествувате во промоции или наградни игри. Home Shop може да Ве регистрира како корисник на производите и услугите преку дефинираните продажни места како и онлајн преку своите страници дефинирани за регистрација.
 
Предмет на Политиката за приватност
Оваа политика се однесува на начинот на кој Home Shop ги обработува личните и други податоци преку кои може да се изврши лична идентификација како што се Вашето име и презиме, единствениот матичен број, број на лична карта, даночен број, телефонскиот број, адреса, e-mail адреса, како и дополнителни демографски информации кои инаку не се јавно достапни, вклучувајќи ги и информациите во врска со Вашето користење на производите и услугите на Home Shop.
 
Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно.
 
Собирање на лични податоци
Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, Home Shop го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со SSL протоколот за заштита на информации.
Home Shop собира информации за Вашите трансакции со него и со неговите деловни партнери, вклучувајќи ги и информациите за плаќањето на производите и услугите кои ги нуди.
Home Shop може да прибира информации за Вашата посета, вклучувајќи ги страните кои ги гледате, линковите на кои кликнувате и други активности поврзани со сајтовите и услугите на Home Shop и може да прави записи на активноста на корисникот.
 
Ве молиме да имате предвид дека во случај да откриете лични податоци преку групите на Home Shop или други јавни онлајн форуми, истите може да ги приберат и да ги користат и други. Затоа, Ве советуваме и Ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи нивно неовластено користење или злоупотреба.
 
Употреба, споделување и откривање на информации
· Регистрирање на кувачи и продавачи на онлајн сервисот на Home Shop
 
· Подобрување на услугите
 
· Наплата на услугите
 
· Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на вашите интереси, врз основа на Ваша изречна согласност
 
· Спроведување истражувања за производите и услугите кои ќе придонесат за подобрување на услугите кон Вас.
 
2. Home Shop ги користи Вашите лични податоци и Вашите акаунти за да комуницира со Вас. Тоа значи дека Home Shop:
 
· Може да праќа одредени задолжителни известувања и писма како што се писма за добредојде, опомени за плаќање, информации за прашања за технички услуги и известувања за безбедност, електронски писма на Вашата е-mail адреса за известување во процесот на регистрација за одреден негов производ или услуга, и сл.
 
· Може да праќа периодични писма до корисниците, кои се сметаат за дел од услугата на Home Shop
 
· Може повремено да Ви испрати промотивни електронски писма со цел да Ве информира за други и нови производи или услуги на располагање од Home Shop, при што го задржувате правото повратно да нè известите дека во иднина не сакате повеќе да добивате информации од ваков тип.
 
3. Home Shop ги обработува Вашите лични податоци единствено за целите за кои се собрани, а кои се подетално опишани во точка 1 од овој член. Home Shop може да врши обработка и за други цели врз основа на Ваша согласност или во следните случаи:
 
· Обработка на лични податоци од страна на партнери од доверба кои работат во име на или со Home Shop, врз основа на договори за обработка на податоци со кои се обврзуваат на сигурност и тајност на личните податоци. Овие компании, во име и за сметка на Home Shop можат да ги користат Вашите лични податоци за да комуницираат со Вас за понуди на производи и услуги на Home Shop. Овие компании можат да ги обработуваат Вашите лични податоци во согласност со насоките што ги добиваат од Home Shop. Тие немаат право да вршат обработка на Вашите лични податоци за цели кои не се во согласност со договорената деловна соработка.
 
· Обработка на лични податоци од страна на надлежни органи врз основа на судски налог и во судски постапки каде што постои законска основа за тоа.
 
· Вашите лични податоци може да бидат дадени на понатамошна обработка на друго правно лице доколку се промени правниот субјективитет на Home Shop (спојување со или припојување кон друга компанија, трансформација на компанијата, отварање на друга компанија со исти сопственици). Во овој случај, Home Shop ќе Ве извести пред Вашите податоци да бидат дадени на обработка на новиот правен субјект и пред нивната обработка да стане предмет на поинаква Политика за приватност.
 
Користење на Cookies
 
Cookie е мал фајл со текст кој е ставен на Вашиот хард диск од страна на Вашиот сервер на веб страницата. Cookies содржат информации кои можат да бидат прочитани подоцна од веб серверот во доменот кој Ви го издава cookie. Cookies не можат да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер.
 
1. Home Shop користи “cookies” за да Ви овозможи да се пријавите на услугите на Home Shop и да Ви помогне да го персонализирате Вашето онлајн искуство.
 
2. Home Shop може да ги постави и да има пристап до cookies на Home Shop на Вашиот компјутер.
 
3. Home Shop обезбедува рекламен простор на своите веб страници за други компании. Некои од овие реклами на други компании може да поставуваат cookies и да имаат пристап до нив на Вашиот компјутер. Употребата на cookies од страна на други компании е предмет на нивни сопствени политики за приватност, а не на овие Општи услови. Огласувачите или другите компании немаат пристап до cookies на Home Shop. Home Shop нема пристап до cookies кои може да бидат поставени на Вашиот компјутер од рекламните мрежи на други компании.
 
Контрола на Вашите е-mail акаунти и Вашите информации
 
1. Може да извршите промена на информациите од Вашите Account-и, како и да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до веб страницата.
 
2. Го задржуваме правото да Ви испраќаме одредени известувања кои се поврзани со услугите на Home Shop, како што се објави за услуги, административни пораки и информации и известувања кои се сметаат за дел од Вашите  акаунти, и за нив не се нуди можност да одберете да не Ви пристигнуваат.
 
3. За бришење на Вашите акаунти во Home Shop потребно е да ни испратите емаил со информациите како име, презиме, телефон, емаил и текст дека сакате да го избришеме вашиот профил како и причините поради кои сакате да престанете со користење на услугите на Home Shop откако ќе ни потврдите телефонски дека сакате да го избришеме вашиот профил истото ќе биде остварено од наша страна.
 
Доверливост и безбедност
 
1. Пристапот до Вашите лични податоци во Home Shop е ограничен на оние вработени и трговци кои тргуваат преку Home Shop за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.
 
2. Ги преземаме сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на Вашите лични податоци, сè во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме истите од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба.
 
3. Кога пренесуваме чувствителни податоци (како број на кредитна картичка или лозинка) преку Интернет, ги штитиме преку користење на шифрирање, како Secure Socket Layer (SSL) протоколот.